Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупредува на руската инвазија на Украина.
– Ние во цела Украина се подготвуваме рускиот претседател Владимир Путин да даде наредба за почеток на војната, предупредува поранешниот боксер за германски „Билд“.
-Како војник еднаш се заколнав дека ќе ја бранам оваа земја, а сега сум подготвен да се борам за татковината, истакна градоначалникот на главниот град на Украина.
Русија во последните недели собра војници на границата со Украина, што предизвика страв од можна инвазија. Москва тоа го негира и ги обвинува властите во Украина за провокации.
Кличко повикува на итна меѓународна помош: „меѓународна поддршка и воена помош“, како што напиша во текстот објавен во високотиражниот „Билд“.
– Ние сме една европска земја, на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било, рече Кличко, кој е градоначалник на Киев од 2014 година.
Според неодамнешните најави на НАТО, Русија чува меѓу 75.000 и 100.000 војници во близина на украинската граница, пишува „Шпигел“.