Вкупно 243 организации за заштита на човекови права и невладини организации повикаа на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг неколку дена пред почетокот на Игрите.
„Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година ќе бидат отворени во услови на злосторства и други тешки прекршувања на човековите права од страна на кинеската влада”, се вели во заедничката изјава.
Групата ги повика владите да се приклучат на дипломатскиот бојкот и спортистите и спонзорите да не ги легитимираат кршењата на правата на кинеската влада.
„Не е возможно Олимписките игри да бидат „сила за добро”, како што тврди Меѓународниот олимписки комитет, додека владата домаќин врши тешки злосторства што го крши меѓународното право”, рече Софи Ричардсон, директорка за Кина во Хјуман рајтс воч.
Групите укажаа на третманот на етничките и верските малцинства и на прогонот на активистите за права, феминистките, адвокати и новинари од страна на Кина за време на претседателот Си Џинпинг.