Властите во самопрогласената Народна Република Доњецк држат 3.000 украински затвореници

од Берта Китинска
148 прегледи

Властите во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) соопштија дека во моментов на нивна територија се наоѓаат околу 3.000 украински воени заробеници.

„На територијата на нашата република има околу три илјади украински војници кои доброволно го положија оружјето“, изјави денеска министерот за правда на самопрогласената ДНР, Јуриј Сироватко, пренесува ТАС С.

Сироватко прецизираше дека околу 2.500 воени затвореници се во притвор во казнено-поправните установи кои се подредени на Министерството, а останатите се во рацете на Воената команда, Народната милиција и Министерството за државна безбедност.