Аболицираниот криминалец Зоран Заев се сокри позади пратениците и си го донесе штетен законот за Макпетрол вреден 33 милиони евра.
Наместо спогодба помеѓу државата и Макпетрол, Заев бегајќи од одговорност во Собранието си излгаса закон со кои си го легализира криминалот.
Државата нема слух за проблемите со кои се соочуваат учениците и наставниците, државата нема абер од набавка на вакцина за КОВИД-19 од кои секојдневно умираат по 10-тици наши граѓани, ама за тоа на шверцерски начин му додели 33 милиони евра на Макпетрол.
Додека секојдневно се затвораат фирми и луѓе остануваат без работа, додека тутунарите, лозарите, оризвопроизводителите крпат крај со крај, премиерот во заминување Зоран Заев му дава милиони евра народни пари на олигархот сопственик на Макпетрол.
ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови со сите расположливи средства се обиде овој закон да не се донесе во Собранието на Македонија. Но пратениците на СДСМ и коалицијата го изгласаа овој штетен закон.
Затоа го повикуваме претседателот на државата, Стево Пендаровски да не го потпише указот за овој штетен и криминален закон и конечно да се издигне од сенката на Заев и да постапи одговорно.
Доколку Пендаровски го потпише овој закон за Макпетрол, новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ една од првите точки кои ќе ги разгледа ќе биде овој криминален закон.
За ваквите криминални политики од страна на оваа ненародна власт одговорност ќе има и тоа многу брзо.