ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле 61 пратеник, но ќе чекаат до 65?

од Nikola Popovski
149 прегледи

 

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за ново стабилно парламентарно мнозинство кое ќе го предводи нивната партија, објавија вчера дел од медиумите. Неофицијално најголемата опозициска партија веќе има на располагање доволен број пратеници за превласт во парламентот односно 61, но во тек се преговори со уште неколку народни избраници за да стигнат до бројката од 65 и не ги објавуваат имињата. Во ВМРО-ДПМНЕ се решиле на ваков чекор бидејќи стравуваат од можноста власта да врши притисоци врз пратениците во пресрет на самото гласање и да ги предомислат.

Според Мицкоски не може да се очекува оние со кои се разговара сами да излезат во јавност.

„Се надевам дека не очекувате сите тие со кои што преговараме и јавно да излезат. И да кажат каква ќе биде постапката за уривање на владата. И да кажат да ние сме тука и ќе бидеме глинени гулаби за машинеријата и инструментите на Зоран Заев за притисок и уцени и.т.н. Сигурно не сме ниту тие ниту ние доволно наивни. да почекаме ќе покаже времето што доаѓа наскоро дали јас сум бил во право или пак некој друг бил во право“, изјави Мицкоски.

И СДСМ и ДУИ велат дека Владата функционира стабилно и дека мнозинството е сигурно. По премиерот Заев кој во последните неколку дена повеќе пати повтори дека предвремени избори нема да има и Ахмети денеска со ист став. Според него, се функционира нормално и нема потреба да се организираат избори, бидејќи како што вели, на ваков чекор се оди тогаш кога државата не функционира.