251
„Бројката на заразени денес е 1085 лица. Постојат нови 1085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина“, реагираат од партијата на Мицкоски на денешните рекордни бројки нз заразени од Ковид-19.
„Непостапувањето и непреземањето на мерки е подеднакво лошо како и лошите мерки. Венко Филипче е одговорен и за едното и за другото.
Оставката на Филипче веќе не е политички став туку нужност за да се спасат животи“, посочуваат од опозициската партија.