ВМРО-ДПМНЕ: Рушењето на објект кај Мавровка сега ќе се плата од џебот на граѓаните

од Берта Китинска

Народот ги плаќа нелегалните играрии на власта. Објектот кај Мавровка е изграден во време на Влада на СДСМ. Значи дека немало институција која реагирала и дека нема систем.Рушењето на таков објект кој самите дозволија да се изгради сега ќе се плата од џебот на граѓаните, стои во рекацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако беше објавено дека Владата го задолжила Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да ја урива дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“.

“Кривичната пријава за бесправно изградениот објект кај Мавровска е обичен популизам од страна на Јавното обвинителство.

Дивоградбата кај Мавровка е изграден во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви.Инвеститорот на објектот кај Мавровска се бараше преку јавен огласи, а за да биде иронијата поголема во потрагата се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.

Општина Чаир распиша оглас за уривање на дивоградбата во износ повеќе од еден милион денари, а ниту една компанија не беше пријавена на истиот.Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради.Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка?Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време?Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот?’. велат од партијата.

Слични содржини