Утрово Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕна прес-конференција ја обвини СДСМ дека е директен сојузник и поддржувач на криминалните политики поврзани со Груби и затоа денес го бранат.
„По серија контрадикторни изјави и молк на собраниската седница, ниту едно пратеничко прашање за Груби не беше поставено, ниту пак неговото име беше спомнато а СДСМ е директен сојузник и поддржувач на криминалните политики поврзани со Груби и затоа денес го бранат. По серија контрадикторни изјави и молк на собраниската седница, ниту едно пратеничко прашање за Груби не беше поставено, ниту пак неговото име беше спомнато“ изјави Бране Петрушевски од владеачката партија.
Оттаму истакнуваат и дека високи функционери на СДСМ, меѓу кои Венко Филипче, Зоран Заев, Оливер Спасовски и други, се загрижени од евентуалните искази на Груби пред надлежните органи, додавајќи дека Јавното обвинителство треба да ги истражи сите сомнежи и индиции и дека владеење на правото во Македонија мора да има.