43
Подружницата на „Македонијапат“ информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово, екипи на претпријатието вечерва работат на нивно чистење.
Одроните, како што соопштија, се најизразени на одредени делници кај селата Тработивиште и Истевник, заради што апелираа на внимателно возење на регионалниот пат.