Внуци тропале на вратата на својот дедо, не им отворил, ја разбиле вратата и го нашле повреден

од Milan1
221 прегледи

Малолетни деца го начекале својот 70-годишен дедо со повреди на главата во Куманово.

Внуците пред полицијата раскажале дека тропале на вратата, но нивниот дедо не им отворил. Кога се посомневале дека нешто не е во ред ја разбиле и влегле во домот.

Го начекале човекот со повреда на главата.

– Тој бил донесен во кумановската болница, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Од полицијата велат и дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини