Во Тирана свечено беше отворена Амбасадата на мирот за Балканот, а по тој повод беше наведено дека таа ќе служи за раст на пријателството и соработката меѓу народите во регионот, како и за зајакнување и одржување на мирот во Западен Балкан, пренесуваат албанските медиуми.
На отворањето на амбасадата присуствуваа лидери и мировни мисионери од Косово, Македонија, Хрватска, Црна Гора, БиХ и други земји, јавува „Косово онлајн“.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Вељиај, рече дека Амбасадата на мирот е веројатно најважната амбасада на Балканот.
„На Балканот, кој помина низ тешки денови и сериозни предизвици, доживеа крвави војни и кога ќе видите колку сме малку, да се распарчиме, да се караме и да се бориме, време е да размислиме. И се надевам дека овој физички „Симбол на мирот“ треба да биде епицентар на комуникација и соработка, да биде епицентар на поврзување на мрежата на мировни мисионери низ целиот Балкан“, рече Вељиај.

Поранешниот претседател на Албанија Алфред Мојсиу изјави дека Амбасадата на мирот ќе биде вредно богатство.

„Амбасадата на мирот ќе биде центар на активности за мир во Албанија и на Балканот. Ќе ги промовира семејните вредности, лидерството и доброто владеење, образованието и обуката на младите, љубовта кон знаењето, луѓето и нацијата. Да придонесе колку што можно и да помогне во зајакнувањето и одржувањето на мирот во нашиот регион“, истакна Мојсеј.

Слични содржини