575
„Вчера околу 19.00 часот на бул.„Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода А.Д.(28) и В.Т.(28), двајцата од струшкото село Велешта. При преглед во возило „aуди”, со кое се превезувале, полициските службеници кај А.Д. пронашле и одзеле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Исто така, при претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.