Во Белгија брзи тестови во аптеките по цена од седум и осум евра

Брзи тестови за дијагностицирање на ковид-19 во Белгија сега може да се купат и во аптеките, по цена од седум и осум евра, во зависност од тестот.

Сите граѓани кои се сомневаат дека се заразени, можат да купат брзи тестови во локалните аптеки и сами да проверат дали се заразени со коронавирус. Бројни белгиски граѓани утрово веќе ја искористија можноста да купат брзи тестови за да откријат дали се заразени.

Целта на овој проект е побрзо да ги идентификува случаите на инфекција со коронавирус со цел државата поефикасно и поуспешно да се бори против пандемијата.

Експертите продолжуваат да апелираат до граѓаните да ги почитуваат постојните епидемиолошки мерки, како што се држење на дистанца и носење маски.

Белгиските граѓани бараат брзи тестови за „ковид-19“ да бидат достапни и во супермаркетите.

Според податоците на порталот worldometers.info, од почетокот на пандемијата во Белгија се регистрирани 902.964 инфекции со коронавируси и 23.202 смртни случаи.

Слични содржини