Огромна е побарувачката за паркинг простор, а со тоа и за гаражи. Цените за квадрат скокнаа толку многу што граѓаните на Белград не можат да поверуваат. Вредат колку помал стан, пишува српскиот портал „Мондо“.
Во Србија, а особено во Белград дивеат цените на недвижности. Општо познато е дека цените на становите скокнаа, а сега се забележува дека растат и цените на гаражниот простор. Некои гаражи во Нов Белград достигнуваат цена и до 50.000 евра, а за тие пари може да се купи цел стан на периферијата на градот.
Бидејќи побарувачката за паркинг место деновиве стана невозможна мисија, особено што се зголемува бројот на автомобили на улиците, купувањето стан е речиси невозможно без да се обезбеди гаражен простор.
Доколку веќе купувате гаражен простор, најчесто барате да го искористите просторот за покрај колата да ставите уште нешто.
Она што е важно да се напомене е дека инвестицијата не престанува кога купувате гаража. А опремувањето на гаража чини пари. Ако, на пример, одлучите да поставите челична гаражна врата, треба да платите од 50 до 60 евра за метар квадратен, додека алуминиумските гаражни врати чинат од 65 до 70 евра за метар квадратен.
Пазарот на недвижности се истакна како еден од најуспешните за време на кризата во 2020 и 2021 година поради пандемијата на коронавирус, па оние кои инвестираат во станбени, гаражни и деловни простории дефинитивно се во плус.
Гаражата се издвојува како вредна инвестиција во центарот на Белград, но и во населбите Врачар, како и во Нов Белград.
Овде се градат се повеќе станбени згради, но и деловни центри. Затоа е невозможно сите да паркираат на регуларните паркинзи.
Коментарот на еден оглас поврзан за стан во Белград, во кој се наведува дека се продава гаражен простор, а не целата гаража за 30.000 евра, е следен:
„Би сакал да прашам дали си нормален“.
Што се однесува до издавањето гаражи, добрата вест е што цените стагнираа, па на локации поблиску до центарот може да се најде гаражен простор за околу 100 евра.
Поради ваквите бројки, многумина моментално се одлучуваат да изнајмат гаражи на одредено време додека не се стабилизираат пазарните цени.