191
Вооружените сили на Белорусија успешно ја завршија ненадејната проверка на борбената готовност, соопшти Министерството за одбрана на Белорусија преку Телеграма.
„Вооружените сили ги завршија сите активности поврзани со проверката на борбената готовност, што ја водеше државниот секретар на Советот за безбедност Александар Волфович“, се наведува во соопштението на министерството, пренесе ТАСС.
Проверката на борбената готовност ја нареди претседателот на Белорусија и врховен командант на вооружените сили Александар Лукашенко.