„Вчера во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Џ.(20) од Ресен и М.А.(35) од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Исто така вчера во 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
На 10.02.2022 во 16.30 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
На 10.02.2022 во 18.30 часот во парк-шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.