30
Временските услови на Камчатка не дозволуваат руската авијација да се вклучи во потрагата по исчезнатиот хеликоптер Ми-8, во кој има 22 лица, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.
Во соопштението се наведува дека авијацијата не може да го бара исчезнатиот авион поради густата магла, но дека пристигнале спасувачи од целиот регион, пренесува агенцијата Интерфакс.
Тројца членови на екипажот и 19 патници се наоѓале во исчезнатиот авион кој полетал од базата кај вулканот Вачкажец и требало да слета во Николајевка, но му се губи секаква трага.
Хеликоптерот е на авиокомпанијата Витјаз-Аеро.