Во Дебарско подигнати 78 картички за „зелена нафта“

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Вкупно 78 земјоделци од Дебарско до денеска подигнале картички за „зелена нафта“, информираат од Подрачна единица на Министерство за земјоделство во Дебар и Центар Жупа.

Вредноста на подигнатите картички е 250.000 денари.

– Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за земјодлците од нашиот регион добивме 250 картички. Досега се подигнати 78. Сметаме дека поради многу восоките дневни температури земјоделците не се дојдени кај нас да ги подигнат картичките. До крајот на неделава ќе почекаме, а потоа ќе ги посетиме земјоделците во нивните домови за да им ги предадеме картичките, изјави за МИА раководителот на Подрачната единица, Арбен Муладаути.

Според него, картички има за сите кои обработуваат земјоделски површини и имаат поднесено (и исплатено) барање за субвенции за 2018 година. Пресметката за одобрен износ е извршена врз основа на барањата од 2018 година.

Со средствата што ги имаат на картичките, земјоделците ќе можат да полнат исклучиво еуродизел гориво за земјоделска механизација.

-Земјоделцте се многу задоволни од оваа мерка, зашто со неа директно се намалуваат трошоците кои ги имаат при обработката и одгледувањето на културите, вели Муладаути.

Слични содржини