18
– На 05.01.2025 во 14.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Ј.(61) од Охрид. Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко моторно возило „опел вектра“ се обидел да го удри З.Ј.(55) од истото село, по што му се заканувал, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.