Околу 25 Палестинци загинаа денеска во израелски напади во Појасот Газа, јавува Ројтерс. Најмалку 15 лица загинаа во ноќните напади на израелските сили во градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските лекари. Десет други Палестинци беа убиени во серија израелски напади низ енклавата, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на палестински медицински лица.
Палестинската државна служба за вонредни ситуации соопшти дека три болници во областа, кои едвај се во функција, не биле во можност да го санираат големиот број ранети по нападот, додека спасувачите не можеле да стигнат до многумина кои се водат за исчезнати.
Жителите рекоа дека голем број куќи биле бомбардирани, а некои биле запалени за време на нападот во Џабалија, Беит Лахија и Беит Ханун, три града на северниот раб на Појасот Газа.
Поднесено е барање за гласање недоверба на француската влада
Жителите на овие градови рекоа дека израелските беспилотни летала, исто така, фрлале бомби пред училиште во кое се сместени раселените семејства во Беит Лахиа, во она што тие го опишаа како кампања на заплашување.
Палестинците тврдат дека израелската армија се обидува да ги избрка од северниот раб на Газа преку принудна евакуација и бомбардирање, со цел да создаде тампон зона, што израелската армија го негира и вели дека нивната цел е да ги спречат борците на Хамас да се прегрупираат во тие области, пренесува „Танјуг“.