Во елитен дел на Белград е пронајдена бомба

од Илинка Илиоска
34 прегледи

Бомба во елитниот дел на Белград. Остаток од граната од Втората светска војна е пронајден во Железничка 4.

Експлозивната направа е откриена на адресата Железничка 4, што веднаш предизвика реакција на надлежните служби.

На местото на настанот брзо пристигнале полициски службеници и припадници на Секторот за вонредни ситуации, кои го обезбедувале просторот и ги евакуирале околните жители заради нивна безбедност. Стручни екипи внимателно ја прегледаа експлозивната направа и безбедно ја отстранија од местото.

Слични содржини