Припадниците на единицата за уништување мини и неексплодирани убојни средства на француските безбедносни сили денеска успешно деактивираа бомба тешка 500 килограми, останата од Втората светска војна во Мањи-ан-Вексин во регионот Ил-де-Франс во северна Франција.
Жителите на Мањи-ен-Вексин утринава пронашле бомба од Втората светска војна и веднаш ги известиле надлежните служби, кои брзо реагирале и воспоставиле безбедносна зона околу локацијата каде што била пронајдена бомбата, јавува „БФМ ТВ“.
Овие мерки доведоа до сообраќаен метеж на локалниот пат и привремено затворање на некои други патишта.
„Екипи за деминирање, жандарми и локални технички служби се упатија кон местото на бомбата во присуство на помошникот градоначалник задолжен за капитални проекти и животна средина, Рејмонд Фрудевал, пренесува „Танјуг“
„Нешто пред 16 часот, бомбата е неутрализирана и пренесена на местото на уништување“, објави Фејсбук страницата на општина Мањи-ен-Вексин.