Во Франција почнува експеримент со носење униформи во училиште

од Radmila Tasevska
257 прегледи

Стотици ученици од околу сто училишта во јужна Франција денеска во училиште првпт носеа униформи, како дел од национален експеримент за да се утврди дали тие треба да бидат задолжителни. Униформи никогаш не биле потребни во државните училишта во континентална Франција.

Но, претседателот Емануел Макрон минатиот месец најави униформи во околу 100 училишта, со цел тие да бидат задолжителни на национално ниво во 2026 година, доколку биде проектот биде успешен.

Градовите управувани од десното крило го сочинуваат мнозинството од пријавените за проектот иако во некои од нив има силен отпор од наставниците, учениците и родителите.

Критичарите велат дека парите подобро би биле потрошени во други области од јавното образование за да се подобри учењето.

Околу 700 ученици во четири училишта во јужниот град Безиер  беа првите кои носеа униформи во континентална Франција денеска, откако едно училиште минатиот месец даде идентични облеки на прекуокеанската територија на Ла Реунион.

Учениците во Безиер, град со екстремно десничарски градоначалник и висока стапка на невработеност, беа претходно повикани да дојдат со своите родители за да ја подигнат својата облека.

Градските и националните власти ги делат трошоците од 200 евра за секоја униформа, составена од блејзер со логото на училиштето, две поло маици и еден пар панталони, како и еден пар шорцеви или здолниште во зависност од полот.

Слични содржини