Во Франција 551 лице почина од корона во изминативе 24 часа

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Во Франција 551 лице почина од коронавирус во изминативе 24 часа, што е најголем број на смртни случаи во вториот бран на епидемијата, изјави вечерва генералниот директор за јавно здравје, Жером Соломон.

„Врвот на вториот бран е пред нас и епидемијата сè уште напредува“, рече Саломон, додавајќи дека од почетокот на епидемијата во таа земја, 40.987 луѓе починале, а 1.807.479 биле заразени.

Според него, 31.125 лица биле хоспитализирани низ цела Франција, од кои 46.90 се на интензивна нега.

Да потсетиме, вториот карантин за населението беше воведен во Франција на 30 октомври, и тој треба да трае најмалку до 1 декември.

Првиот карантин во Франција со 67 милиони жители беше воведен на 17 март среде првиот бран на епидемијата, а постепеното ублажување започна во првата половина на мај.

Слични содржини