Пазарувањето во недела во германскиот град Нојрупин е речиси невозможна мисија. Тој ден се затворени големите трговски ланци, Пени, Алди, Лидл, Реве, а отворени се само некои угостителски објекти. Шетајќи низ градот наидовме на пекара која работи во недела од 7 до 16 часот.
Друга што забележавме е отворена од понеделник до петок од 6:30 до 17 часот, сабота од 6:30 до 11 часот и е затворена во недела.
Покрај тоа, најдовме и ќебапчилница која работи и во недела. Отворен беше и објект за брза храна, а кога поминавме, имаше муштерии кои го чекаа својот ручек.
Наидовме и на едно бистро што работеше, а кога поминавме, имаше неколку муштерии во објектот што чекаа.
Најмногу луѓе, од кои десетина, имало во ресторан во кој се продаваат кафе и сладолед.
Грчкиот ресторан е отворен од понеделник до петок од 17:00 до 22:00 часот, во сабота тие се отворени двапати – од 11:30 до 14:00 часот и од 17:00 до 23:00 часот. Тие исто така работат и во недела – од 11:30 до 14 часот и од 17:00 часот.
Месарите, аптеките, продавниците за облека, парфимериите, продавниците за чевли, козметичките и фризерските салони, цвеќарниците, како и некои кафулиња и ресторани се затворени во недела. Забележавме дека некои објекти се затвораат во 17 или 19 часот во работните денови.