Во Германија казна од 4 илјади евра доколку мамите на возачки испит

од Milan1
11 прегледи

Речиси половина од кандидатите во германската покраина Северна Рајна Вестфалија (NRW) паднаа на тестот за теорија на возење, објави германскиот „TÜV“.

Минатата година стапката на неуспех на теоретскиот испит беше 44 проценти, што е речиси исто толку високо како во 2023 година (45 проценти).

Во исто време, бројот на обиди за мамење на испитите значително се зголеми – од 949 случаи во 2022 година на дури 1.368 во 2023 година, според анализата на „TÜV“.

Вкупно, минатата година во „NRW “беа спроведени околу 447.000 теоретски и 402.000 возачки испити.

Експертите предупредуваат дека мамењето на испитите може да претставува сериозен безбедносен ризик.

„Доколку кандидатите го положат испитот нечесно и го немаат потребното знаење за сообраќајните прописи, тоа може значително да ја загрози безбедноста на патиштата“, рече Ричард Гебелт, раководител на Одделот за возила и мобилност во „TÜV“.

Често се користат помошни уреди како што се приклучоци за уши или забранета технологија, како што се скриени слушалки. Во секој четврти случај, друго лице лажно се претставува како кандидат што полага, но всушност е тој што доаѓа на испит наместо кандидатот.

Високи цени: 2.500 до 4.400 евра за возачка дозвола

Според „ADAC“, цената на возачката дозвола во Германија се движи меѓу 2.500 и 4.400 евра.

Меѓу другото се бара воведување електронски проверки на напредокот на учениците во автошколите со цел да се намали процентот на оние кои паѓаат на испитот. „На овој начин би можело да се осигура дека учениците од автошколата го полагаат испитот само кога се доволно подготвени“, рече Гебел.

Резултатите се базирани на податоците од сите станици за технички преглед во Германија и се собрани до 31 јануари годинава. Според соопштението на „TÜV“, особено е алармантно што 58 отсто од оние што мамат се однесуваат професионално.

Со исклучок на измама со заменски возач, која е кривично релевантна, измамата не се казнува ниту како кривично дело ниту како прекршок. Гебел бара властите одговорни за издавање на возачки дозволи доследно да ја исцрпуваат законската рамка.

Слични содржини