Бананите се омилено овошје за многумина, но иако се здрави и вкусни, некои можат да бидат „скапи“ во Германија. Имено, постои посебна забрана поврзана со бананите која важи низ цела Германија.
Всушност, станува збор за фрлање на кората од банана, со оглед на тоа што многу луѓе погрешно мислат дека можат да ги фрлат остатоците од овошје директно во природата.
Иако кората од банана е биоразградлива, сепак се смета за отпад. Проблемот е што лушпите од банана скапуваат релативно бавно. Доколку отпадот падне во природа или на улица, тоа е административен прекршок, а забраната се заснова на таканаречениот Закон за циркуларна економија (Kreislaufwirtschaftsgesetz – KrWG).
Дополнително, фрлањето кора од банана на јавни места може да биде опасно, бидејќи кората може да се лизне и да предизвика паѓање, како и да и наштети на околината. Затоа властите сериозно го сфаќаат овој вид прекршување и преземаат соодветни санкции.
Така, иако тоа може да изгледа како мала работа, тоа всушност не е дозволено во Германија, пренесува „Нова“.
Прекршувањето на оваа забрана може да резултира со парична казна, чиј износ зависи од сојузната држава во која настанала повредата, пренесува магазинот „Феникс“.
Во многу земји за овој прекршок е предвидена казна од 10 до 25 евра. Меѓутоа, кај некои сумата е значително поголема. На пример, Долна Саксонија може да наплати до 50 евра, Хамбург до 70 евра, а Сарланд до 100 евра.