Во Германија нови апсење за шпионажа во корист на Кина: Близок соработник на водечкиот кандидат на АФД

од Симе Стоиков
246 прегледи

Германската полиција уапсила вработен во партијата Алтернатива за Германија (АфД) во Дрезден под сомнение дека шпионирал за Кина, објави германскиот јавен сервис АРД.

Според информациите, уапсениот Џиан Џи работел како близок соработник на главниот кандидат на АфД за изборите за Европскиот парламент, Максимилијан Крах, а живеел во Брисел и Дрезден.

Инспекторите се сомневаат дека тој испраќал информации за настаните во парламентот до Министерството за државна безбедност на Кина.

АфД се уште не го коментираше случајот.

Осомничениот беше уапсен во понеделникот вечерта, неколку часа откако германското федерално обвинителство во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца Германци – двајца мажи и една жена – под сомнение дека работеле за кинеската тајна служба најмалку од 2022 година.

Слични содржини