Во Германија за првпат регистрирани повеќе од 200 заразени на 100.000 жители

од Milan1
281 прегледи

Седумдневното ширење на коронавирусот во Германија за првпат од пандемијата надмина 200 случаи на 100.000 луѓе, соопшти Берлинскиот институт за вирологија Роберт Кох.

Според медицинските лица, денеска бројката изнесува 201,1. Еден ден претходно достигна 191,5, а минатата недела – 154,8. Претходниот пик беше регистриран на 22 декември 2020 година. Тогаш имаше 197,6 случаи на зараза на 100 илјади жители.

Слични содржини