Во германските безбедносни служби 364 вработени се осомничени за десничарски екстремизам

од Milan1
21 прегледи

Десничарски екстремисти не постојат само во германските клубови и партии, туку и во германските безбедносни служби. Ова произлегува од последниот извештај на германската федерална канцеларија за заштита на уставот, кој утврди дека има конкретни докази дека за 364 вработени во германските безбедносни служби може да се каже дека „искажуваат неуставни десничарски екстремистички ставови“.

Како што пишува Шпигел, ова доаѓа од третиот извештај на Федералната канцеларија за заштита на уставот за десничарскиот екстремизам, објавен во понеделникот, а се однесува на периодот од 1 јули 2021 година до 31 декември 2022 година.

-Новиот извештај за ситуацијата дава прецизна слика и открива мрежи и врски со десничарски екстремистички организации, објасни сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, додавајќи дека „има само неколку случаи во споредба со повеќе од 384.000 вработени во федералната влада.

-Сепак, гледаме и дејствуваме многу внимателно бидејќи угледот на огромното мнозинство вработени кои ги бранат слободата и демократијата не треба да трпи поради неколку екстремисти, предупреди сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

„Шпигел“ наведува дека повеќе од половина од случаите се таканаречени стари случаи, односно оние кои веќе биле пријавени во последниот извештај на раководството од мај 2022 година, кога имало индиции дека 327 вработени се осомничени за десничарски екстремизам.

Како што пишува весникот, најчестиот доказ во извештајот биле екстремистичките изјави во разговорите и социјалните мрежи.

Слични содржини