410
Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, известуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција во седмичниот извештај за мутациите во земјата.
Два од делта случаите се однесуваат на варијантата ΑΥ.4.2 и се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина.
Во понеделникот, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека и на островот се потврдени првите два случаи на Делта плус.