Во Холандија можете да заработите дополнителни 450 евра доколку возите велосипед

од Milan1
836 прегледи

Според едно истражување, оние кои со велосипед на работа имаат 45 отсто помал ризик од рак и 46 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести. Сè повеќе градови на Стариот континент имаат стимулации за користење велосипеди за да стигнат до работа. Жителите на Холандија возат велосипед во просек по 2,6 километри дневно. Ако тоа беше случај во светот, како што исто така е утврдено со една студија, годишните глобални емисии на јаглерод би биле 686 милиони тони помалку, што е повеќе од целокупните емисии на јаглерод на Велика Британија, пишува Кликс.ба.

Постои стимул за велосипедистите во Холандија во вид на додаток за километражата. Имено, од 2006 година компаниите на вработените им даваат по 0,19 евра по изминат километар. Работниците едноставно можат да ги стават во џеб овие пари. Така, вработен кој во текот на пет работни дена ќе помине 10 километри дневно со велосипед може да заработи дополнителни 450 евра. Сличен поттик има и во Белгија, каде што е можно да се добијат 0,24 евра по километар. Како што пишува Брисел Тајмс, секој петти вработен во малите и средни компании го добил овој надоместок во првата половина на 2022 година. Француските работници можат да добијат 0,25 евра по километар на пат од дома до работа, а годишниот максимум за овој вид стимулација е 200 евра. Во пилот фазата беа вклучени 18 компании кои даваа ваков тип на стимулација, а во таа прилика беше утврдено дека бројот на активни велосипедисти е зголемен за цели 50 проценти.

Стимулациите во Италија варираат од град до град. Меѓу овие италијански градови е и Фиренца, која од 3 јуни ќе почне да ја применува едногодишната стимулативна програма. Така, сите оние жители на Фиренца кои по воведувањето на стимулацијата ќе решат на работа да одат со велосипед, а не со автомобил, можат да добијат по 0,20 евра по изминат километар во градот, при што месечниот максимум за овој вид стимулација е 30. евра. Оние кои веќе користат велосипед како превозно средство до работа можат да добијат 0,15 евра за километар. Од друга страна, некои држави не даваат стимулации по поминат километар, туку даваат стимулации за купување велосипед. Секој работник во Луксембург може да заштеди до 300 евра данок ако купи нов велосипед со кој ќе стигне до работа. Во Велика Британија при купување велосипед може да се добие даночен кредит до 32 отсто.

Слични содржини