Во Хрватска лани за исплата на пензии биле потрошени 8,3 миллијарди евра, а до крајот на годината се очекуваат околу девет милијарди евра. Во изминатите пет години трошоците за исплата на пензии се зголемуваат за речиси една милијарда евра годишно, се вели во објавите на порталот Мировина/хр, што го пренесоа останати хрватски медиуми.
Како што се посочува, растот на платите во Хрватска доведе и до раст на пензиите, иако не многу рамномерно. Сепак, трошоците на Хрватскиот завод за пензиско осигурување (ХМЗО) за исплата на пензии исто така силно се зголемија.
-Зголемените трошоци на Заводот се исто така под влијание на такси како што се националниот додаток за стари лица и додатокот за деца, наведува медиумот. Платите растат, а исто така и пензиите, иако многу побавно, и ова на крајот влијае на растот на трошоците на Хрватскиот завод за пензиско осигурување – просечната плата се зголеми во август. Кога ќе погледнеме колку беше издвоено за пензии пред десет години, тоа е речиси двојно зголемување на трошоците на Заводот, пренесуваат хрватските медиуми.
Според последните достапни податоци за оваа година (август), досега за пензии и пензиски бенефиции се потрошени 5,9 милијарди евра.