Во индиска држава се забранува носење хиџаб, одлучи уставниот суд

од Milan1
200 прегледи

Судот во јужната индиска држава Карнатака ја потврди одлуката за забрана за носење хиџаб во училиштата и факултетите, објаснувајќи дека муслиманската шамија не е суштинска религиозна практика на исламот.

Американските медиуми пренесуваат дека Високиот суд во државата Карнатака денеска ја изрече ваквата пресуда откако претходно ги разгледа и оцени претставките на студентките муслиманки кои ја оспоруваа забраната на владата за носење хиџаб.

Спорот почна во јануари, кога државното училиште во областа Удупи, во Карнатака, им забрани на учениците кои носат хиџаб да влегуваат во училниците, што предизвика протести на муслиманите.

Потоа некои други училишта во оваа држава воведоа слични забрани, а највисокиот државен суд им забрани на учениците да носат хиџаб до конечната пресуда.

Во Индија, каде муслиманите сочинуваат 14 отсто од населението од 1,4 милијарди, хиџабот досега никогаш не бил забранет во јавниот живот.

Слични содржини