639
Во индиската сојузна држава Бихар во последните 24 часа починаа 29 лица, а повеќе од 200 се разболеа од топлотен удар, поради рекордно високите температури од над 45 Целзиусови степени во поголемиот дел од земјата.
Според официјалните податоци, најмногу смртни случаи (12) имало во областа Аурангабад, каде живата се искачила над 48 степени Целзиусови.
Шест смртни случаи биле пријавени во областа Бојпур, а по четири во Рохтас и Џеханабад, јавуваат индиските медиуми.