Во Индонезија уапсени се седум лица, му се заканувале на папата

од Milan1
6 прегледи

Елитната антитерористичка единица на Индонезија „Дензус 88“ уапси седум лица поради закани кон папата Франциск за време на неговата посета на главниот град Џакарта.

На социјалните мрежи беа објавени закани заедно со плановите за терористички напад врз поглаварот на Римокатоличката црква. Закани за бомби имаше и на локациите каде што се движеше автомобилот на папата.

Апсењата се извршени во неколку региони, вклучувајќи ги Џакарта, Западна Суматра и Банга Белитунг, пишува „Тајмс оф Индија“.

Слични содржини