Изминатата ноќво повеќекратните израелски воздушни напади врз градот Кан Јунис на југот од Појасот Газа, беа убиени 54 лица , соопшти градската болница Насер.
Меѓу загинатите е и новинар кој работел за катарската телевизиска мрежа Ал Араби, објави телевизиската станица на социјалните мрежи, наведувајќи дека Хасан Самор е убиен заедно со 11 членови на неговото семејство во еден од нападите во Кан Јунис, објави АП.
Синоќа, втора по ред ноќ, Кан Јунис беше цел на жестоко бомбардирање, откако вчера во воздушните напади врз северна и јужна Газа загинаа најмалку 70 лица.