246
Руските воени сили влегоа во украинскиот главен град Киев каде се водат жестоки битки. На социјалните мрежи жители на Киев објавуваат и видеа од кои може да се видат улични борби и руски тенкови на улиците на Киев.
Украинските власти повикаа да не се објавуваат видеа на социјалните мрежи, истовремено Украинското Министерство за одбрана ги повика граѓаните да останат во своите домови и да подготват молотови коктели.