Погрешно минување на семафор во Кина нема да ви донесе само парична казна. Таа азиска држава почна јавно да ги објавува граѓаните кои направиле таков прекршок, со што е нарушен угледот и приватноста на престапниците.
Кинеските власти последните години користат напредна технологија за ги идентификуваат и посрамат лицата кои ги прекршуваат сообраќајните прописи.
Дали оваа казна е несразмерна со направениот прекршок? Би можеле да кажеме дека е, но во Кина всушност нема сериозна јавна расправа.
Првиот систем е инсталиран во 2018-та година во градот Даје во провинцијата Хубеј. На семафорите пред кои се наоѓа „зебра“ поставен е сензорски систем за откривање на непрописно минување на пешачки премин.
Во тој случај, прво се активира механизам кој прска студена вода во престапникот, а се е проследено со снимен глас кој предупредува:
„Ве молам, немојте сега да ја минете улицата, опасно е“.
Меѓутоа, процесот на иновација не запрел тука. Во 2019-та година неколку градови во Кина, како Шангај, почнале да користат уште понапредни системи кои комбинираат камери за препознавање на лица со огромни екрани.
Овој систем не само што ги снима пешаците кои минуваат на црвено светло, туку и ги проектира нивните лица на екрани кои се наоѓаат на јавен пат.
Најшокантна работа во врска со оваа мерка е тоа што фотографиите остануваат видливи неколку дена.
Но, ни тоа не е се, бидејќи на екранот се објавува и дел од личната карта на престапникот, што се сфаќа како допирање во приватноста.