Масакр во Кина: Со нож убил најмалку седум лица пред сауна

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Најмалку седум лица загинаа, а седум беа повредени во напад со нож во северо-источна Кина, пренесоа државните медиуми.

Нападот во градот Каихуан во провинцијата Лиаонинг се случил пред сауна, пренесува АП.

Осомничениот, кого медиумите го идентификуваа само со презимето Јанг, беше уапсен, а мотивот за нападот сè уште не е познат.

Кинеските закони забрануваат поседување огнено оружје, па масовните напади се вршат претежно со нож или домашно направени експлозивни направи.

Во јуни, чувар на училиштето избоде најмалку 39 лица во градинка во јужниот регион Гунагси, за што беше осуден на смрт.