Анкетата во Крим и Севастопол беше направена по налог од министерот за енергетика на Русија Александар Новак на 31 декември м.г по предлог на претседателот Владимир Путин.

0000288354-article2

Според резултатите од неа 93.1% од жителите на Крим, не се согласуваат да биде потпишан сличен договор за достава на ел. енергија, а само 6,2% би се согласиле з атоа, покажа експресно студија спроведена од Всерускиот центар за истражување на јавното мислење / ВЦИОМ /, пренесоа БНР.

Во истражувањето учествувале 3000 жители на Крим, објави шефот на ВЦИОМ Валериј Фјодоров.

Според истражувањето, станува јасно дека 94% од жителите на регионот се подготвени да го истрпат неколку месеци на режим без струјата, отколку да признаат дека се дел од Украина.

Украина забрани увоз на стоки од Русија

Коментарите на луѓето од Крим и аналитичари во Москва покажуваат дека во споредба со пред речиси две години денес е зголемен бројот на жителите на полуостровот, кои сакаат да бидат дел од Русија. Познатиот руски опозициски политиколог Глеб Павловски, изјави за Радио “Ехо на Москва” дека ова “студија претставува чекор кон демонтирањето на политичкиот систем, и дека тоа е сторено под барел на пиштолот”.

На 22 ноември м.г беше прекината испораката на електрична енергија за полуостровот, што доведе до сериозни рестрикции и воведувањето на режим на струјата.

Но запирањето на струја од Украина кон Крим, како последица на активностите на група украински националисти, се покажа проблем и за самата Украина, бидејќи загубата на таков огромен корисник каков што е Крим за Украина доведе до принудно преоптоварување на две нуклеарни централи во овој дел на земјата.

Русија веќе пушти во акција два далноводи за Крим, со што полуостровот премина во енергетскиот систем на Москва, но за целосна независност од Украина ќе бидат потребни уште најмалку 500 МВт, за да може регионот да се врати во нормала функционирање.

Слични содржини