Украинската Влада забрани да се увезува стока од Русија. Во соопштението од Киев, кое е објавено денеска е наведено дека Владата вовела ембарго на одредена руска стока и оваа одлука ќе важи до 5ти август.

украина русија

Оваа одлука стапува во сила на 10ти јануари, пренесува “Спутник”

Оваа одлука доаѓа по информацијата дека Русија ќе воведе забрана за увоз на прехранбени производи од Украина, како последица на одлуката меѓу двете земји да се воведе режим на слободна трговија.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, потпиша закон со кој на украинската влада ѝ овозможува да воведе економски санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва за зоната за слободна трговија и за ембарго, соопштено е на веб-страницата на украинскиот парламент.

-Со оглед дека Украина им се приклучи на санкциите против Руската Федерација, донесовме одлука за воведување на заштитни мерки како што е ембаргото на увоз на прехранбени производи. Дејството на оваа одлука стапува на сила на 1 јануари“, изјави рускиот министер.По одржаните на почетокот на октомври трилатерални консултации за спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ, Уљукаев изјави дека на Русија не ѝ одговара ставот на Европската унија , рече пред извесно време Алексеј Уљукаев министер за економски развој ја Русија.

Според Уљукаев доколку не се санкционира режимот на слободна трговија ќе се создадат  услови за неконтролиран увоз на европски производи во Русија, што би можело да влијае на домашното производство.

Слични содржини