Словачка е „ранета земја“: Новоизбраниот претседател го осуди обидот за атентат врз Фицо

од Илинка Илиоска
372 прегледи

Новоизбраниот словачки претседател Петер Пелегрини во видео обраќањето објавено во неделата рече дека и покрај тоа што Словачка е „ранета земја“ по обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо, политичките партии во земјата не се подготвени за сеопфатен состанок за тоа како да се оди напред.

Пелегрини рече дека тој и словачката претседателка во заминување Зузана Чапутова се обиделе да ги соберат сите политички партии, но „последните неколку дена и прес-конференциите им покажале дека некои политичари не се способни за фундаментално размислување за себе“.

„Како да не разбираат дека нивните досегашни постапки, изјави и одвратни напади, не врз конкурентни политички идеи туку врз нивните носители, суштински придонесоа за тензиите во нашето општество“, додаде тој.

„Излегува дека веројатно не е моментот за тркалезна маса со претставници на сите парламентарни партии. Се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо“, заклучи тој.

Фицо беше застрелан во стомакот додека ги поздравуваше приврзаниците по состанокот на владата во средата во градот Хандлова каде се разговарало за ископ на јаглен.

Слични содржини