Денес во просториите на Кривичниот суд во Скопје, ќе биде изречена пресудата за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012. година.

Во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.

Одбраната на обвинетите, во заврешен збор, рече дека случајот „Монструм“ е целосно исконструиран и синоним на случајот „Драјфус“, со тоа што има подалекусежни последици бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор. Според нив, очигледно е дека обвинителството не обезбедило доволно докази и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив.

За потсетување, откако завршија заврните зборови, незадоволните роднини и пријатели на обвинетите во случајот, го изразија својот револт преку протест на кој посочија дека судот сака да осуди невини луѓе, наместо, вистинските виновници во случајот.

Исто така, во 2017. година, случајот „Монструм“ каде обвинетите добија доживотни казни, имаше своја разрешница, но подоцна Врховниот суд ги укина пресудите и го врати предметот во повторно судење.

Слични содржини