Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори

од Milan1

Девет лица загинаа во два напада врз кандидати на локалните избори на 2 јуни во Чиапас, јужно Мексико, соопшти синоќа обвинителството во тој регион познат по организираниот криминал. Еден од двајцата кандидати е повреден во нападите што се случија ноќта меѓу саботата и неделата, се наведува во соопштението.

Чиапас веќе неколку дена е цел на напади врз кандидатите за општинските избори.

Од септември, најмалку 28 кандидати за локална функција се убиени низ Мексико, според најновите податоци на невладината организација Дата Сивика.

Насилството ги погодува сите партии и владејачката левичарска Морена, како и опозициските партии и коалиции.

Нарко картелите и организираните криминални банди сакаат да „наметнат кандидати“ на изборите, изјави неодамна локалниот обвинител. Според него, начинот на работа е речиси ист.

„Криминалците избираат кандидат и им даваат до знаење на другите дека немаат право да се кандидираат“, рече тој.

На 2 јуни, Мексико се подготвува да ги одржи најголемите избори во својата историја – претседателски, парламентарни, регионални и локални.

Слични содржини