Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари

од Milan1
232 прегледи

Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари, изјави претставникот на  Комитетот за заштита на новинари, Алберт Хутсен.

Тој додаде дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен во болница откако бил пронајден повреден и дека и покрај интервенцијата на лекари не бил спасен.

Фреди Лопез Аревало, кој работел како известувач за локален весник во провинцијата Чиапас, бил цел на вооружен напад додека излегувал од своето возило на 28 октомври, по што починал.

Повеќе од 130 новинари се убиени во Мексико од 2000 година.

Слични содржини