Во населбата Трнодол, вчера беше забележано како од камион се исфрла градежен шут.
Истиот настан бил регистриран од случаен минувач кој ја вклучил камерата од својот телефон, упатувајќи прашање што прават и дека за истото ќе бидат казнети.
Тој им порача и да го соберат, она што претходно го расфрлале.
Најчесто градежниот шут фрлен на несоодветно место се забележува подоцна, а никој не знае кој го фрлил.
Дополнително, во оваа ситуација е жално што улицата е нова. Неодамна реконструирана. Но, несовесните продолжиле со старите навики, па шутот заврши како „потпорен ѕид“, покрај ивичникот.
Видеото е поставено на профилот на „Не биди ѓубре“. Би требало ова да го види инспекцијата и соодветно да ги казни сторителите.
Инаку, според Законот за јавна чистота, граѓаните на Скопје се должни градежниот отпад да го одложат директно во депонијата „Дрисла“.
-Сторителот на ова нелегално депонирање на градежен шут во населбата Трнодол е пронајден и утре ќе му биде изречена највисоката законски предвидена глоба и задолжување да го врати теренот во првобитна состојба, беше посочено во објавата на инспекторатот на Град Скопје.
Погледнете го видеото во продолжение: