Во Нигерија општ штрајк поради високата инфлација

од Radmila Tasevska
212 прегледи

Најмногубројната африканска држаа, Нигерија денеска е парализирана поради општиот штрајк организиран поради раастечката инфлацијата и падот на економијата.

Според подартоците на Националното биро за статистика, цената на горивата се речиси двојно зголемени во споредба со минатиот месец. Додека инфлацијата во јануари изнесувала 30 проценти, највисока во изминатите 30 години.

Синдикатите ја обвинуваат Владата дека не ги исполнила ветувањета за месечно зголемување на платите за 20 долари за сите во текот на шест месеци и три месеци да им исплатат по 15 долари на загрозените домаќинства.

Слични содржини