16
Во октомври 1.530 компании во Германија прогласија банкрот, тоа највисока бројка во изминатите 20 години, соопшти денеска Институтот за економски истражувања во Хале.
Банкротот на фирмите се должи на неколку фактори – постојаниот економски пад, зголемувањето на расходите за плати и енергија и дополнителните ефекти од времето на пандемијата, посебно компаниите со помала финансиска состојба кои добиваа државна помош.
– Сегашниот бран банкротства е резултат на комбинација на континуирана економска слабост и драматично зголемени трошоци, истакна Штефен Мулер од Институтот.
Тој додаде дека најпогодени се градежништвото, трговијата и услугите поврзани со бизнисот.