100
Неколку стотици Срби од Косовско Поморавје денеска се собраа на мирен протест поради апсењето на петмина Срби кои се осомничени за воени злосторства.
Протестот започна точно во 12 часот, а насобраните носат транспаренти „Бараме КФОР да не заштити“, „Уапсени, но невини“, „Не апсат да ги протераат сите Срби!“, „ЕВРОПА, зошто си молчи за страдањата на Србите?“, „Секој ден трпиме терор, а светот МОЛЧИ“, „Лошо си ги научил учителе, па ќе те апсат!“.
Присутните носат и маици на кои пишува „Уапсете не оти сме Срби, нема предавање“, јавува Танјуг.
Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година